Во октомври, во споредба со септември, германскиот извоз е намален за 2,8 отсто, на 124,6 милијарди евра, објави Федералното биро за статистика.
Намалувањето е за 2,8 отсто во однос на истиот месец минатата година. Истовремено, испораките во САД, кои се главниот извозен пазар на Германија, паднаа за 14 отсто, односно за 1,2 милијарди евра.
Извозот во Кина е помал за 3,8 отсто, а во надворешно-трговските односи со земјите од Европската унија испораките се намалени за 0,7 отсто.
Кога станува збор за увозот, во октомври има намалување од 0,1 отсто во однос на септември, на 111,2 милијарди евра.
Во однос на истиот месец лани увозот е поголем за 1,7 отсто. Во конечниот биланс е забележан позитивно надворешно-трговско салдо од 13,4 милијарди евра.
Извор: dpa
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.