За да ја намали пластичната амбалажа „Теско“ ќе користи хартиена амбалаќа за своите производи од тестенини кои се дел од приватната трговска марка Finest.
Од компанијата проценуваат дека новата амбалажа која 100% рециклирачка, годишно ќе заштеди над 30 тони на пластика.
Нова амбалажа ќе добијат десет производи кои на потрошувачите им се достапни во сите продавници на „Теско“ и во продавниците „Теско експрес“.
Отстранувањето на употребата на пластика е важен начин на кој „Теско“ може да го намали своето влијание врз животната средина. Новата хартиена амбалажа ја има истата функција како и пластичната, но може да се одложи во стандарден контејнер за рециклирање заедно со другата хартија. Горди сме на тоа што го направивме досега кога се работи за намалувањето на пластиката што ја користиме, но продолжуваме да бараме начини да постигнеме уште повеќе, изјави Клер Лораинс, директорка за одржливост и квалитет во групацијата „Теско“.
Од 2019 година, компанијата во своето работење во Велика Британија отстрани над 2,3 милијарди парчина на пластика.
Извор: InStore.rs
Фото: „Теско“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.