Њујоршкиот конференциски одбор соопшти дека индексот на доверба на потрошувачите во американската во ноември има пораст за 111,7 поени, што е најголема вредност во последните 16 месеци.
Оптимизмот е последица на солидната работа на пазарот, забавувањето на инфлацијата и растот на вредноста на акциите после победата на изборите на Трамп, соопштуваат од Конференцискиот одбор.
Очекувањата во поглед на краторочната инфлација благо се опoравуваат. Потрошувачите сега очекуваат инфлација од 2,6 отсто, додека во октомври очекуваа инфлација од 2,7 отсто.
Во ноември, индексот за следните шест месеци е 92,3 поени, што е пораст за 0,4 поени и е највисоко ниво од декември 2021 година, додека индексот на актуелните услови е повисок за 4,8 поени.
Извор: Biznis.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.