Свет

Германија: Над 1.500 компании прогласиле банкрот

08 Nov 2024

Институтот за економски истражувања во Хале соопшти дека во октомври 1.530 компании во Германија прогласиле банкрот, што е највисока бројка во изминатите 20 години.

Банкротот на компаниите се должи на постојаниот економски пад, зголемувањето на зголемувањето на расходите за плати и енергија и дополнителните ефекти од времето на пандемијата, посебно компаниите со помала финансиска состојба кои добиваа државна помош.

Сегашниот бран банкротства е резултат на комбинација на континуирана економска слабост и драматичното зголемување на  трошоците, истакна Штефен Мулер од Институтот за економски истражувања.

Според него најпогодени сектори се градежништвото, трговијата и услугите поврзани со бизнисот.

Извор: Бриф

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...