Откако во последните две години забележа двоцифрен пораст на категоријата на растителни производи, „Лилд“ ги најави плановите за проширување на асортиманот од растително потекло од својата приватна трговска марка.
Vemondo Plant! ќе влучува 28 нови производи меѓу кои се и неколку варијанти на растителни бургери и тофу. Во рамките на оваа линија потрошувачите исто така ќе можат да пронајдат растителни алтернативни колбаси и пилешки котлети, како и вегански јогурти и сирења.
Ваквата одлука е дел од стратегијата за одржливост на компанијата според која до 2030 година 25% од продажбата на протеини на компанијата ќе ја сочинуваат растителните производи. Покрај тоа, компанијата во следниот период исто така ќе ја удвои продажбата на растителните алтернативи на млечните производи.
Месото, живината и млечните производи играат важна улога во нашата исхрана, поради што многу инвестираме во британското земјоделство за да ги осигураме нашите добавувачи да видат подготвени за идниот раст и купувачите да имаат пристап до најквалитетните британски производи. Знаеме дека мораме како општество да вклучиме повеќе растителна храна во нашата исхрана за да го осигураме балансот, изјави Ричард Боурнс, главен комерцијален директор на „Лидл“ – Велика Британија.
Проширениот асоритман ќе се најде на полиците на продавниците на компанијата од јануари 2025 година.
Извор: InStore.rs
Фото: „Лидл“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.