Свет

Египет: „Арла фудс“ ја презема „Домти“

22 Oct 2024

Компанијата „Арла фудс“ достави необврзувачка понуда за преземање на мнозинскиот удел во компанијата за производство на сирење,  „Арабиан фуд индустрис компани“ (Домти) од Египет.

Вредноста на оваа аквизиција изнесува 183 милиони долари за вкупниот број на акции, соопштуваат од компанијата.

Меѓутоа, компанијата очекува актуелните сопственици на египетската компанија, семејството Ел Дамати, да задржи дел од акции, при што Мухамед Ел Дамати ќе остане на функцијата извршен директор на компанијата.

 Пазарот за млечни производи во Египет е важно, „Домти“ е водечки играч на тој пазар и компанијата е добро усогласена со нашата стратегија во Египет. Сега ги разгледуваме деталите пред да донесеме одлука дали да продолжиме со аквизицијата. Ширењето во Египет е природен чекор кон нашиот пат што подобро да им служиме на сите потрошувачи во регионот МЕНА, засилувајќи ја нашата посветеност во регионалното производство да бидеме сигурни дека можеме да продолжиме да испорачуваме висококвалитетни млечни производи на приспособените регионални преференции, изјави Ким Виладсен, сениор претседател на „Арла фудс“ за регионот МЕНА.

 После аквизицијата, која треба да помине низ регулаторни одобрувања, „Арла“ има намера да ја отстрани оваа компанија од египетската берза.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Арла фудс“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...