Во септември инфлацијата во Германија во големопродажбата е на минус 1,6 отсто, што е деветнаесети последовател пад, соопшти „Дестатис“.
Според податоците од германскиот Завод за статистика, цените во големопродажбата биле намалени за 0,3 отсто на месечно ниво.
Ниските цени на енергенсите го условија континуираниот тренд на пад на цените во земјата, додека цените на кафето и какаото биле повисоки, пренесува „Анадолу агенси“.
Големопродажните цени на производите од минерални масла во септември биле пониски за 14,6 отсто на годишно ниво, а на месечно ниво за 4,5 проценти.
Од година во година ниски цени се забележуваат и во големопродажбата кај железото, челикот и полупроизводите од црните метали (- 5,8 отсо), компјутерите и периферната опрема (-5,2 отсто), се истакнува во соопштението.
Спротивно на тоа, големопродажните цени кај кафето, чајот, какаото и зачините биле повискои (24,2 отсто) отколку во септември 2023 година, како и големопродажните цени на рудата, обоените метали и полуготовите производи од метал (15,8 отсто).
Извор: biznis.info
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.