Осигурителната компанијата „Р+В“ ги претстави резултатите од својата најнова студија „Стравови кај Германците“.
Грижата поради се поголемите трошоци за живот го зазема првото место и дури 57 отсто од учесниците во истражувањето изјавиле дека се плашат од натамошно зголемување на цените.
Ваквиот страв е најчест во досегашните 33 испитувања.
Анализата на нашата долгорочна статиските покажува дека кога станува збор за личните финансии, Германците реагираат чувствително, изјави Гриша Брауер – Рабинович, автор на студијата.
Многу од Германците (52 отсто) и натаму стравуваат дека закупнината ќе биде превисока.
Сепак, споредено со минатата година распложението е подобрено. Стравот од пораст на цените и превискоте закупнини се намалени за по осум отсто.
Изработената студија се прави по нарачка речиси триесет години, а во однос на годинешното истражување, во перидот од јуни до август биле анкетирани околу 2.400 лица постари од 14 години.
Извор: dpa
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.