Свет

Кина: „Монделез“ ќе се проширува во категориите за колачи и печива

26 Sep 2024

Компанијата „Монделез интернешнл“ најави ширење на своето присуство на кинескиот пазар преку аквизиција на производителот на смрзнати печива и колачи „Евирт“. 

 Компанијата „Евирт“ е основана во 2013 година и таа лидер во категоријата на смрзнати колачи и печива во Кина, која во моментов се проценува на 3 милијарди американски долари, со годишна стапка на пораст од околу 15 проценти.

 Оваа одлука претставува „важен чекор напред“ во стратегијата на компанијата „Монделез“ за забрзување на растот во категоријата на колачи и печива, која е во нејзиниот основен фокус, покрај чоколадата и кексите, соопштуваат од компанијата.

Возбудени сме од можноста да го забрзаме нашито раст со колачи и печива преку континуирани иновации, користејќи ги нашите брендови за да создадеме повеќе премиум вкусови и формати, изјави Дирк Ван Де Пут, претседател и извршен директор на „Монделез интернешнл“.

Оваа аквизиција претставува преземање на мнозинскиот удел во кинеската компанија и ќе ја помине вообичаената постапка во која се вклучени регулаторните одобрувања.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Монделез“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...