Свет

Италија: „Кооп“ лансира над 5.000 производи од сопствените трговски марки

25 Sep 2024

Во изминатите две години „Кооп“ асортиманот на своите приватни трговски марки го дополни со над 5.000 производи.

Од компанијата наведуваат дека ваквото проширување доаѓа како одговор на инфлацијата, која доведе до промена во купувачките навики кај потрошувачите.

Потрошувачката се промени, се купува сѐ помалку и се фаворизираат евтини производи. За да одговориме на овие промени, фокусот го насочивме на основната вредноста на нашата компанија: Храната треба да биде здрава и достапна за сите, изјави Маура Латини, претседателка на „Кооп“ – Италија.

Производите од приватната трговска марка сега сочинуваат 80% од продажбата во неколку од категориите и минатата година придонесоа за порастот на профитот на компанијата на 16,4 милијарди евра.

Од компанијата проценуваат дека минатата година потрошувачите со купувањето на производите на „Кооп“ заштедиле околу 1,2 милијарди евра.

Ги анализираме резултатите на секоја поединечна категорија и различните производи за дополнително да ги подобриме. Секогаш ги подобруваме нашите производи, иако тоа не е директно видливо, ја подобруваме соработката со добавувачите, процесот на производство, формулациите и пакувањата, изјави Доменико Брисигоити, генерален директор на „Кооп“ – Италија.

 Од компанијата истакнуваат дека ќе продолжат со усовршување на својата понуда на производи со нови, како што се сирењата и сувомеснатите произоводи кои ќе бидат воведени на крајот на септември.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Кооп“ - Италија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...