Свет

Германија: Пад на извозот во САД и Кина

24 Sep 2024

Сојузниот завод за статистика „Дестатис“ објави дека во август има пад на извозот од Германија во САД и Кина, во споредба со истиот месец во 2023 година.

 Како што се наведува во извештајот, извозот во Кина во овој период имал пад за 15,2 отсто (7 милијарди евра), додека извозот во САД бележи пад од 3,2% (12,6 милијарди евра).

Овој пад се припишува на слабата побарувачка, наведуваат од „Дестатис“.

Вкупниот извоз на земјите надвор од ЕУ во август на годишно ниво е намален на 4,8%(55,2 милијарди евра), додека на месечно ниво е забележан пад од 1,1%.

Забележан е пад на извозот и со Русија (14,4%), Швајцарија (7,6%), Турција (7,2%), Јапонија (5,9%) и со Мексико (16,2%).

Спротивно на тоа има пораст на извозот во Обединетото Кралство (5,7%), Јужна Кореја (9,5%), Индија (10,3%) и Бразил (11,6%).

 

Извор: „Дпа“  

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...