Свет

Ирска: „Валео фудс“ ја презема „И.Д.С. Холдинг“

18 Sep 2024

„Валео фудс груп“ соопшти дека планира да го преземе „И.Д.С. Холдинг“, кој е еден од најголемите производители на вафли, слатки и чокалада во Централна и Источна Европа.

Основана пред повеќе од еден век во Словачка, „И.Д.С. Холдинг“ претставува „трансформативен додаток“ на растечкото портфолио на „Валео фудс груп“, соопштуваат од „Валео фудс груп“.

Компанијата „И.Д.С. Холдинг во Словачка, Чешка, Полска и Унгарија ги произведува некои најпознатите брендови на слатки, како што се  Horalky, Mila и Lina. Нето – продажбата на компанијата минатата година достигнала речиси 200 милиони евра.

Од групацијата наведуваат дека оваа аквизиција ќе им овозможи на компаниите да понудат широк асортиман на квалитетни производи за потрошувачите, како и да ги унапредат глобалните перформанси на „Валео фудс“.

Ова е трансформативна аквизиција за „Валео фудс груп“. Вклучувањето на „И.Д.С. Холдинг“ во групата ќе ја унапреди нашата позиција во индустријата, ќе го поттикне понатамошниот пораст на нашето портфолио и меѓународното присуство, со што ќе се задоволи побарувачката во овој сегмент. Задоволни сме што со „И.Д.С. Холдинг“ ги делиме нашите амбиции да бидеме главен играч во Европа во сегментот со слатки и грицки, изјави Роналд Керс, генерален директор на „Валео фудс груп“.

После 32.годишен развој на „И.Д.С. Холдинг“ со традицоналниот бизнис со слатки како значаен регионален играч во оваа категорија, вистинско време е за ново поглавје во развојот на оваа компанија. Многу сум возбуден што преминуваме во „Валео фудс група“, која што има сјајен рекорд со аквизици, е компанија со успешен раст во овој сектор и е најдобар партнер за понатамошниот раст и ширење на „И.Д.С. Холдинг“, изјави Павел Јакубец, сопственик на „И.Д.С. Холдинг“.

 Оваа аквизиција е подложна на вообичаените услови, во кој се вклучени регулаторните одобрувања и се очекува да заврши кон крајот на годинава.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Валео фудс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...