Свет

Германија: Една третина од големите компании користат вештачка интелигенција

10 Sep 2024

Според податоците на институтот „Ифо“, германските компании сѐ повеќе користат вештачка интелигенција, а третина од големите компаниии успешно ја применуваат.

Предвоници во примената се ИТ компаниите  и провајдерите на услуги кои се блиски со ИТ компаниите. 

Со вештачката интелигенција, компаниите можат да ја заменат работната сила што им недостасува и да бидат поефикасни. Вештачката интелигенција може да обезбеди дека нашето ниво на просперитет ќе се одржи и покрај големите демографски промени, изјави Манфред Гесл, директор на Баварската асоцијација на индустриски и стопански комори.

Според Институтот, германските компании користат вештачка интелигенција првенствено за анализа на текст и податоци, како и за автоматизација на производството. Области на примена се ИТ-безбедност, маркетинг, производство и сметководство.

И покрај потенцијалот за поголема ефикасност, на пример во логистиката и медицината, многу германски компании сè уште се двоумат. Главните причини се недостатокот на знаење и проблемите околу воведувањето во работниот процес, како и загриженоста за правни прашања и заштита на податоците.

Компаниите треба да инвестираат во образованието на своите вработени, вели Оливер Фалк, автор на студијата на „Ифо“.

 

 

Извор: dpa

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...