Свет

Канада: „Лобло“ покренува нов формат на продавници

30 Aug 2024

Компанијата „Лобло“ ги најави плановите за отворење на нов формат на продавници – „но нејм“.

Како што соопштуваат од компанијата, во продавниците ќе се продаваат само избрани производи по ниски цените, вклучувајќи ги и основните намирници и производите од асортиманот на приватната трговска марка „но нејм“.

Покрај понудата на производи по намалени цени, продавниците ќе заштедат и на оперативните трошоци на неколку начини, како што е намалување на работните часови, редуцирање на фрижидерите и производите што мора да се стават во фрижидер за да се заштеди енергија и да се минимизира на рекламирањето.

Нашата цел е едноставна, да обезбедиме храна и основни потреби за домаќинството по наша најниски можни цени. Како што се зголеми глобалната инфлација на храната, ние се фокусиравме да направиме се што можеме за да ги одржиме цените пониски за купувачите. Овој нов концепт ни овозможува да понудиме сосема поинакво и поедноставено купувачко искуство, изјави Пер Банк, претседател и извршен директор на „Лобло“.

Приватната тровска марка е лансирана во 1978 година со цел да ги обезбеди основните прехранбени производи по пониски цени, а од тогашните 16 производи таа порасна на речиси 3.000 производи. Овие производи се препознатливи по нивното ненаметливо, неутрално жолто-црно пакување со едноставен фонт, а ваков изглед ќе имаат и продавниците со нов формат.

Првите три продавници ќе се отворат во септември во градовите Броквил, Св. Катарина и Виндзор во Онтарио.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Лобло“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...