Свет

Шпанија: „Диа“ оствари добивка од 25 милиони евра

26 Aug 2024

Групацијата „Диа“ во првата половина од годинава остварила нето добивка 25 милиони евра, што е за 59 милиони евра повеќе во однос на истиот период од 2023 година.

Во овој период бруто продажбата достигнала 73 милиони евра, благодарејќи на добрите резултати во Шпанија кои помогнале да се неутрализираат ефектите од девалвација на аргентиската валута.

Коригираната ебитда до јуни имала пораст за 54%, достигнувајќи 128 милиони евра со зголемената маржа од 1,6 процентни поени.

Како што истакнуваат од компанијата, остварените одлични резултати во Шпанија придонеле за намалување на долгот на групацијата за 327 милиони евра, што е за 92 милиони помалку од претходната година.

Во текот на изминатите четири години, се фокусиравме на трансформирање на компанијата и поедноставување на портфолиото со продажба на операциите во Бразил и Португалија, создавајќи платформи за раст и профитабилност во Шпанија и Аргентина. Првата половина на 2024 година ни овозможи да го затвориме ова важно поглавје. „Диа“ сега е солиден и профитабилен бизнис. Ова ни овозможува да ја пренасочиме нашата енергија и ресурси во Шпанија и Аргентина, каде што нашата единствена повеќеканална стратегија наиде на одобрување од купувачите и каде што гледаме јасен потенцијал за понатамошен раст и подобри резултати, рече Мартин Толкачир, извршен директор на групацијата „Диа“.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Диа“

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...