Компанијата „Херши“ соопшти дека консолидираната нето продажба во вториот квартал достигнала 2,07 милијарди долари, што е пад за 16,7% во однос на истиот период од предходната година.
Коригираната заработка по акција во овој период изнесува 1,27 долари, што е пад од 36,8% во однос на една година претходно.
Во САД, нето продажбата на кондиторските производи, кој е и најголем пазар на компанијата, има пад на 1,58 милијарди долари од 1,99 милијарди долари колку што изнесувала во 2023 година.
Опкружувањето останува динамично, при што се повеќе потрошувачи преферираат дискретно трошење. Овие трендови влиаеја на нашето работење, но задоволни сме што гледаме континуиран раст во категоријата кондиторски производи и зголемен замав во нашето портфолио на солени грицки. Нашата иновација во втората половина се очекува да донесе енергија во нашите категории и уверени сме дека нашите стратегии ќе ги задоволат променливите потреби на потрошувачите и ќе доведат до долгорочен успех, изјави Мишел Бак, претседател и главен извршен директор на компанијата „Херши.“
Компанијата ги ажурираше очекувањата за годинава и сега очекува нето пораст на продажбата од околу 2%, а претходните прогонози се движеа помеѓу 2 и 3%.
Извор: InStore.rs
Фото: „Херши“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.