Свет

Германија: Индустрискиот сектор бележи пад на извозот

20 Aug 2024

Националниот завод за статистистика на Германија соопшти дека во јуни порачките од индустрискиот сектор биле шест последователни месеци во рецесија.  

Извозот во јуни бил за 0,2 отсто под мајскиот и за 6,2 отсто послаб отколку 12 месеци претходно.

Слаби резултати од работата бележат секторите како што е автомобилската индустрија која од мај бележи минус во извозот од 0,9 отсто а машинската индустри минус од 0,7 отсто.

Со тоа, рецесијата во автомобилскиот сектор продолжува 17 последователни месеци.

Во првата половина од годинава во надворешната трговија пад има кај извозот и увозот, кај извозот за меѓугодишни 1,6 отсто на 801,7 милијарди, а кај увозот за 6,2 отсто, на 662,8 милијарди, наведуваат статистичарите. Надворешнотрговскиот суфицид се зголемил за 28,7 отсто на 138,8 милијарди евра.

Главни извозни пазари во првата половина од годинава биле САД, Франција и Холандија, а Германија најмногу увезувала од Кина, со која бележи надворешнотрговски дефицит од 25,3 милијарди евра.  

 

 

Извор: dpa

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...