Свет

САД: „Марс“ ја купува „Келанова“ за 36 милијарди долари

15 Aug 2024

„Марс“ потврди дека го купува производителот на брендовите Cheez-It и Pringles „Келанова“ за договор  вреден речиси 36 милијарди долари (32,7 милијарди евра), што претставува  најголема зделка во индустријата за пакувана храна. 

„Марс“ ќе плати 83,50 долари (75,91 евра) по акција во готовинскиот договор за „Келанова“, а вредноста на акциите на    „Келанова“ се зголемија за околу 8%.

 Како што пренесува „Ројтерс“, договорот е резултат на забавувањето на растот на продажбата кај американските производителите како што се „Краф Хајнц“, „Монделез“ и „Херснеј“, бидејќи кои се свесни за буџетот се одлучуваат за поевтини трговски марки.

Овој договор е поголем од договорот кој го склучи „Марс“ за преземање на „Виргли“ во 2008 година и кој беше во вредност од 23 милијарди долари, а договорот ќе ги донесе популарните брендови под еден покрив вклучувајќи ги чоколадата на Mars Twix, Bounty и Milky Way, како и  асортиманот на грицки на „Келанова“ Pop-Tarts,  Krispies Treats, и ледените вафли Eggo.

Очекувањата се дека оваа аквизиција нема да се соочи со премногу антимонополски пречки, бидејќи има ограничено преклопување во понудите на овие две компании, изјавија правни експерти за Ројтерс.

„Келанова“ ќе стане дел од „Марс снекинг“ со седиште во Чикаго, предводен од глобалниот претседател Ендрју Кларк, по завршувањето на целиот процес во првата половина на 2025 година, објавија компаниите.

 

 

Извор: esmamagazine

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...