Свет

ЕУ: Производството на пиво достигна до 34,3 милијарди литри

13 Aug 2024

Според најновите податоци на „Евростат“, земјите на членки ЕУ во  2023 година произвеле 34,3 милијарди литри пиво, вклучувајќи 1,8 милијарди литри пиво што содржи помалку од 0,5% алкохол или без алкохол.

Исто така, податоците покажуваат дека производството на пиво во ЕУ паднало за 5%, или 1,7 милијарди литри во однос на 2022 година. Производството на безалкохолно пиво е зголемено за 13,5% во однос на претходната година или за 0,2 милијарди литри.

Германија ја задржа водечката позиција во ЕУ, како земја која произведува 7,2 милијарди литри алкохолно пиво, што е 22,3% од вкупното производство во ЕУ.

На второто место се искачи Шпанија со 4 милијарди литри (12,4% од вкупното производство во ЕУ), а потоа следат Полска со 3,5 милијарди (10,8%), Холандија со 2,4 милијарди (7,5%) и Белгија со 2 милијарди литри (6,3%).

Во претходната година, Холандија беше најголемиот извозник на алкохолно пиво во ЕУ со 1,8 милијарди литри, што претставува 21,5% од вкупниот извоз на пиво од земјите на ЕУ. Сепак, во споредба со 2022 година, ова претставува намалување на извозот на пиво за 0,1 милијарди литри.

Потоа следат Германија и Белгија (и двете извезле по 1,4 милијарди литри), Чешка и Ирска (по 0,5 милијарди литри).

Франција беше најголемиот увозник на алкохолно пиво со 0,9 милијарди литри, што претставува 17,1% од вкупниот увоз на ЕУ (внатре и надвор од ЕУ).

Други големи увозници беа Италија со повеќе од 0,7 милијарди литри, а Шпанија, Холандија и Германија увезоа по приближно 0,6 милијарди литри.

 

 

 

 

Извор: esmmagazine

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...