„Ахолд Делез“ пријави пораст од 4,5% на продажбата во Европа во првата половина од годинава.
Нето приходите од продажба во првата половина од годината изнесуваат 17,25 милијарди евра во работењето на групацијата во Европа, што ги вклучува операциите во Холандија, Белгија, Србија, Грција, Чешка и Романија.
Продажбата преку интернет во овој период е зголемена за 9,1%, а оперативните приходи од работењето во Европа пораснаа за 17,4%.
Во Европа, каде што стапките на инфлација се умерени споредено со претходната година, компанијата се обидува да поттикне раст на пазарниот удел, на пример, нудејќи привлечни промоции и проширување на опсегот на производи по „омилена цена“.
Франс Милер, извршен директор компанијата истакна дека прекинот на продажбата на тутун во холандските продавници има негативно влијание од 2,1 процентен поен врз бизнисот на „Алберт Хајен“ во оваа земја, додека во Белгија е во тек транзицијата на компанијата кон модел управуван од франшиза и тоа е се очекува да биде завршено до четвртиот квартал од оваа година.
На ниво на групација, нето-продажбите беа 44,1 милијарди евра во првото полугодие, што е раст од 1% по постојани девизни курсеви и зголемување за 0,8% по реални девизни курсеви. Позитивните влијанија врз групните продажби ја вклучија конверзијата на продавниците на „Јан Линдерс“, додека негативните ја вклучуваат продажбата на „Фреш директ“ и пониската продажба на бензин, соопшти компанијата.
Имаме силна основа и подготвени сме да го поставиме темпото за промени во нашата индустрија. Сметаме дека имаме многу привлечни амбиции кои, откако ќе се реализираат, ќе донесат силен раст на нашата компанија, изјави Милер.
Извор: esmmagazine
Фото: „Ахолд Делез“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.