Свет

Еврозона: Хрватска со најголем пад на прометот во малопродажбата

08 Aug 2024

Прометот во малопродажбата во еврозоната во јуни паднал за 0,3 отсто во однос на претходниот месец кога бил забележан пораст за 0,1 отсто.

Според податоците на „Еуростат“ прометот во ЕУ во јуни бил намален за 0,1 отсто во однос на мај кога бил забележан пораст за ист процент.

Од „Евростат“ утврдиле дека во еврозоната јуни најголем пад имало кај проджбата кај храната, пијалаците и тутунот за 0,7 отсто и за 1 отсто во ЕУ. Во продавниците кои имаат широка категорија на непрехранбени производи прометот во еврозоната се намалил за 0,1 отсто, а во ЕУ се задржал на нивото од мај.

Пораст на прометот бележат само станиците за бензин и тоа 0,5 отсто во еврозоната и 0,6 отсто во ЕУ.

Најголем пад на прометот во малопродажбата во јуни има во Хрватска, за 2,7 отсто во однос на мај, кога имало пораст за 0,6 отсто. Во првиот месец од летото продажбата се намалила на најниско ниво споредено со април 2022 година, покажуваат податоците на „Еуростат“.

Потоа следува Австрија со пад на прометот за 2,3 отсто, како и Летонија и Литванија со пад од 1,7 отсто.

Најголем пораст на прометот бележи Романија за 1,8 отсто, потоа следуваат Бугарија и Данска со 1,4 односно 1 отсто.

 

Извор: SEEbiz

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...