Свет

САД: Пораст на довербата кај потрошувачите

05 Aug 2024

Индексот на доверба кај потрошувачите во американската економија  во јули бележи пораст во однос на јуни.

Минатиот месец индексот изнесувал 100,3 бодови, откако индексот во ревидираните податоци за јуни изнесувал 97,8, а не 100,4 бодови како што првично било објавено, пренесува „Њујорк конференс боард“.

Довербата кај потрошувачите во јули бележи подобрување, но недоволно за да ја пробие зоната која доминира во последниве две години, изјави Дана Петерсон, главна економистка во „Конференс боард“

Потрошувачите и понатаму релативно позитивно гледаат на состојбата на пазарот на трудот, но и натаму се загружени поради високите цени и камати, а се несигурни во поглед на периодот што следува.

Довербата е зголемена кај потрошувачите помлади од 35 години и постарите од 55 години, додека таа опаѓа кај оние помеѓу 35 и 54 годишна возраст.

Очекувања на потрошувачите за следните шест месеци се добри во однос на очекувани приходи, но се полоши во поглед на условите за работа и вработување.

 

 

Извор: Biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...