Свет

Велика Британија: „Унилевер“ со зголемен профит во вториот квартал

29 Jul 2024

„Унилевер“ соопшти дека ги надминале очекувањата во вториот квартал од годинава и покрај нешто послабата продажба во овој период.

Во вториот кваратал компанијата остварила раст на продажбата од 3,9%, што е под очекувањата на аналитичарите за пораст од 4,2%.

Основниот оперативен профит на компнијата имал пораст за 17% или на 6,1 милијарди евра, што ги надмина очекуваните 5,44 милијарди евра.

Основната оперативна маржа се зголемила за 250 базни поени на 19,6%, меѓутоа од компанијата очекуваат во втората половина од годинава да има  забавување на растот на оперативната маржа.

Неодамна, британскиот производител ги најави своите планови за укинување на нешто повеќе од 3.000 работни места во Европа до крајот на годинава. Уште во мар, компанијата најави укинување на 7.500 работни места за во следните три години да заштеди 684 милиони фунти.

Покрај тоа, компанијата најави и издвојување на својата работа со сладолед како посебна единица. Сегментот на сладолед во првиот квартал имал пораст на продажбата од 2,3%.

 Имаме уште многу да направиме, но остануваме фокусирани на трансформацијата на „Унилвер“ во компанија со констатен раст, изјави Хеин Шумахер, извршен директор на „Унилевер“.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Унилевер“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...