Според ФФС извозот на алкохолни пијалаци од Франција минатата година забележал пад во извезената количина за 13% и 12% вредносен пад на 4,8 милијарди евра.
Извозот во САД во тој период имал пад за 36% во вредност и 35% во количина.
Францускиот коњак кој сочинува 70% од вкупниот извоз на алкохолни пијалаци од земјата минатата година имал пад за 21%, при што во Кина биле извезени 19,4%.
Последиците од инфлацијата го отстапија местото на трговските судири чие што решавање е приоритетно, соопштуваат од ФФС.
Побарувачката за алкохол има силен пад и во Франција, каде што во последните 60 години има пад за 60%.
Минатата година продажбата на алкохол во супермаркетите имала пад за 4,3% во однос на една година претходно, додека во однос на 2020 година, забележан е пад од 10 отсто.
Некои од пијалаците кои се користат во коктели, како што е џинот, биле поштедени од силниот пад, при што продажбата на џин има пад за 6,4%, а продажбата на рум за 3,8%.
Извор: INB2B Media
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.