Компанијата „Амазон“ соопшти дека во САД ги замениле 95% од пластичните воздушни перничиња што се користат за заштита на производите со хартиени.
Од компанијата најавија дека до крајот на годинава планираат да го отстранат овој вид на пакување во нивниот синџир на снабдување.
Со ваквата промена ќе бидат отстранети речиси 15 милијарди пластични воздушни перничиња.
Покрај тоа, за разлика од претходните пакувања, заштитата од хартија е изработена од 100% рециклирачки материјал, што на потрошувачите ќе им го олесни рециклирањето.
Ова е исклучителен пример како внимателно ги тестираме новите решенија за го заштитиме корисничното искуство. Работиме на целосно отстранување на пластиката во САД до крајот на оваа година и ќе продолжиме со иновациите, тестирањата за да им дадеме предност на материјалите кои ќе можат да се рециклираат во домовите, изјави Пат Линдер, потпреседател за мехатроника во „Амазон“.
Ваквата одлука следуше откако минатиот октомври компанијата најави дека ќе премине на хартиена амбалажа во Центарот за испораки на стоки во Охајо.
Извор: INB2B Media
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.