Според податоците на „Бартхас“ од Нирнберг, кој е најголем продавач на хмељ, најголемите четириесет пиварници во светот минатата година произвеле помалку пиво во однос на претходната.
Големите пиварници минатата година произвеле 162 милијарди литри, или 2,2 отсто помалку во однос на 2022 година, соопштија од „Бартхас“.
На ранг листата се шест германски пиварници и поголемиот дел од нив не можеле да го запрат овој тренд, а „Бархас“ забележал пад на производството и кај пет свои пиварници.
Единствениот исклучот е „Пауланер група“ чија продажба имала пораст за 5,7 отсто.
„Раденбнерг група“ се наоѓа на 22.место со 1,08 милијарди литри, како и минатата година, а на првото место е белгиската компанија „АБ Инбев“ со над 50 милијарди литри.
Германската „Оетингер“ повторно е на 25.место со 750 милиони литри, додека „Пауларнер група“ бележи скок од две позиции и сега е на 28 место.
Извор: „Дпа“
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.