Продажбата на животинско месо во холандските супермаркети бележи пат за 16,4% во однос на 2020 година, објави организацијата за заштита на животните „Вакен Диер“, на основа на објавените податоци од „Циран“.
Многу од потрошувачите јадат помалку месо, а поголемиот дел од супермаркетите продаваат се повеќе производи од растително потекло. Преминот кон оваа алтернатива не е добар само за животните, здравјето и климата, туку и за вашиот паричник, изјави Колин Моленар.
Во 2023 година, холандските супермаркети продале за 2,3% помалку месо отколку претходната година. Организацијата овој пад го припишува на промоцијата и промотивните политики, а многу од главните играчи ветуваат дека се повеќе ќе се ориентираат кон растителните алтернативи.
На пример, „Џамбо“ од април годинава прекина со промовирањето на свежото животинско месо. До 2030 година, целта е во малопродажбата е 60% од протеините да бидат произведени од растенија.
Вториот пример е „Албер Хеин“, кој од минатата година покрена приватна трговска марка „Ах тера“, која се состои од 200 производи од растително потекло.
Исто така, „Алди“ лансира растителен бренд под името My Way, кој вклучува растителни алтернативни млечни производи, а најави и ширење на брендот на растителни алтернативи на месо.
Податоците на „Цирана“ се базираат на податоците од студијата на Холандската статистика (СБС) од 2023 година, која откри дека холандските малопродажни трговци бележат пад на продажбата на производите од животинско месо и тоа во девет последователни квартали.
Извор: INB2B Media
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.