Свет

Полска: „Е.Леклер“ ќе затвори две свои продавници

22 May 2024

Француската компанија го најави затворањето на две свои продавници во Малборка и во Кенџежин Козле, од каде ќе отпушти над 50 вработени.

 Потпретседателката на компанијата во Полска, Барбара Варабида – Јустинска, за порталот локал24.пл, изјави дека како главна причина за затворањето на овие продавници се „неповолните услови за закуп“.

 Меѓутоа, како што пренесува порталот дланханду.пл, двете продавници имале забележано големи загуби, што би можело да е причината за нивното затворање.

 Продавницата во Кенџежин Козле во 2022 година, имала нето загуба од 980.090 полски злоти (229.752 евра). Нето приходите од продажбата изнесувала 23,167 милиони полски злоти (5,43 милиони евра), додека оперативните трошоци достигнале бројка од 24,380 милиони полски злоти (5,71 милиони евра).

 Кога се работи за втората продавница која се наоѓа во Малборка, нето загубата била 870.215 полски злоти (203.995 евра). Нето приходите на оваа продавница во 2022 година изнесувале 20,896 милиони полски злоти (4,89 милиони евра), додека оперативните трошоци изнесувале 22,775 милиони полски злоти (5,33 милиони евра).

Првата продавница на  „Е.Леклер“ на полскиот пазар е отворена во 1995 година, а моментално компанијата во Полска има 40 супермаркети.

 

 

Извор: dlahandlu.pl

Фото: „Е.Леклер“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...