Свет

САД: „Фереро“ ја отвори првата фабрика за чоколада во Северна Америка

10 May 2024
„Фереро“ ја отвори својата прва фабрика за преработка на чоколада во Северна Америка како дел од инвестицијата вредна 75 милиони долари.
 
Фабриката од 70.000 метри квадратни ќе произведува чоколадо за некои од популарните брендови на компанијата како Ferrero Rocher и Butterfinger.
 
Донесувањето на децениското искуство на „Фереро“ во производството на висококвалитетно чоколадо од светска класа во Илиноис - срцето на американската прехранбена и кондиторска индустрија - ќе ни помогне да ја постигнеме нашата цел да станеме лидер на пазарот на бонбони и слатки, рече Алана Котон, претседател на „Фереро“ - Северна Америка.
 
Од компанијата најавија дека наскоро, на истата локација ќе и се придружи нова фабрика Kinder Bueno вредна 214 милиони долари, која се очекува да отвори 200 нови работни места.
 
Објектот за преработка на чоколадо е дел од пошироката инвестиција на компанијата во Северна Америка.
 
Да потсетиме дека компанијата отвори центар за иновации во Чикаго минатата година, а неодамна инвестираше и во развој на капацитети во својата фабрика во Брантфорд и дополнителни дистрибутивни центри во Пенсилванија, Џорџија и Аризона.
 
Извор: FoodBev
Фото: „Фереро“


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...