Свет

Унгарија: Групацијата „Мол“ ја отвори најголемата фабрика за зелен водород во регионот

15 Apr 2024

Групацијата „Мол“ ja отвори најголемата зелена водородна електрана во Централна и Источна Европа во Сасаломбата, Унгарија, со капацитет од 10 мегавати.

Во фабриката која со работа ќе започне во втората половина од годинава,  ќе се користи технологијата на компанијата „Плуг повер“, која во процесот на работа користи струја од обновливи извори на енергија.

Групацијата „Мол“ достигна уште една пресвртница, сега можеме да произведуваме зелен водород без да испуштаме стакленички гасови. Со оваа технологија, постигнуваме намалување на емисиите што е еквивалентно на отстранување на околу 5.500 возила од патот преку ноќ. Денес нашата нова фабрика за зелен водород ги прави индустриските операции на „Мол“ позелени, но утре ќе понуди решенија за целата индустрија и мобилноста на водородот. По Сасаломбата, ќе ја пренесеме технологијата во другите две производствени единици со цел да го направиме процесот на производство на гориво поодржлив во сите рафинерии на групацијата „Мол“, изјави извршниот директор на компанијата, Јожеф Молна.

Новата технологија постепено ќе го замени производствениот процес базиран на природен гас, кој во моментов претставува една шестина од вкупните емисии на јаглерод диоксид на компанијата.

 Предвидено е изградба на фабрики за зелен водород во Риека и во Братислава.

Извор: InStore.rs

Фото: „Мол“

  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...