Пивскиот гигант „Хајнекен“ планира да инвестира 430 милиони евра во отворање на нова пиварница во Јукатан, полуостров на југоистокот на Мексико.
Од компанијата соопштија дека новата пиварница ќе биде опремена со најсовремена технологија и има цел да одговори на растечката побарувачка во овој дел на земјата. Во согласност со глобалната стратегија за одржливост на „Хајнекен“, пиварницата ќе ги интегрира практиките на циркуларната економија за да обезбеди повторна употреба на водата преку напредни системи за прочистување. Дополнително, се планира новата пиварница да работи со минимален отпад и да користи обновливи извори на енергија.
Фабриката треба да почне со работа на почетокот од 2026 година, со производство на брендовите Tecate, Dos Equis, Indio, Bohemia, Amstel Ultra и Sol.
Се очекува пиварницата во Јукатан да отвори повеќе од 2.000 (ин)директни работни места. „Хајнекен“ во Мексико вработува повеќе од 18.000 луѓе, кои работат во седум пиварници и во една фабрика за слад.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.