Е-гигантот „Амазон“ планира да го намали асортиманот на приватни трговски марки за да избегне потенцијални тужби од Федералната трговска комисија.
Компанијата со седиште во Сиетл укина 27 од сопствените 30 бренда за облека, вклучувајќи ги Lark & Ro, Daily Ritual и Goodthreads. Е-трговецот ќе продолжи да ги продава брендовите Amazon Essentials, Amazon Collection и Amazon Aware.
Освен тоа, „Амазон“ ќе престане да ги произведува и своите брендови за мебел Rivet и Stone & Beam, откако ќе се потрошат моменталните резерви.
Е-трговецот почна да го намалува бизнисот со приватни трговски марки минатата година по „разочарувачките“ продажби.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.