Пиварницата „Карлсберг“ објави зголемување на приходите за 11,2% во првата половина од финансиската година.
Пораст на приходите е забележан во сите региони: Западна Европа (9,2%), Азија (11,7%) и Централна и Источна Европа (16,3%), додека органскиот пораст на оперативната добивка изнесува 5,2%.
Сепак, финансиските резултати на „Карлсберг“ покажуваат дека волуменот на продажба е намален на пазарите во Западна Европа (-2,1%) и во Централна и Источна Европа (-1,9%), додека во Азија е забележан волуменски пораст од 4,8%. Вкупниот пораст на органскиот волумен во првата половина од годината изнесува 0,8%.
Групацијата објави пораст на волуменот во премиум сегментот, при што Tuborg забележа зголемување за 3%, Carlsberg за 1%, 1664 Blanc за 5% и Brooklyn за 52%. Продажбата на сајдерите Somersby бележи пад за 7%.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.