Свет

„Лидл“ почнува со испорака на непрехранбени производи

29 Aug 2023

Дисконтерот „Лидл“ ја додаде Франција на листата со седум земји во кои продава непрехранбени производи онлајн.

Лансирањето на услугата во земјата ќе биде поддржано со сеопфатна комуникациска кампања, преку ТВ, радио, печат, дисплеи и дигитални медиуми. Франција е најстариот и најсилен странски пазар на „Лидл“, со пазарен удел од речиси 8% и профит од 15 милијарди евра.

Засега онлајн може да се нарачаат 1.000 производи. Целта на компанијата е двојно да го зголеми бројот во наредните два или три месеци, а следната година да достигне до 5.000. Асортиманот опфаќа спортска опрема, текстил, производи за домот и градината, детски предмети, DIY-производи (Do it yourself, направи сам) итн.

Пред да почне со онлајн-услугата, „Лидл“ спроведе проби со продажба на вино и производи за убавина, за подобро да ја запознае базата на купувачи, да им помогне да се навикнат да ја посетуваат веб-страницата и да креираат профил.

Дисконтерот не нуди онлајн-услуга за прехранбени производи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...