Свет

„Алди“ отвара нови 1.700 работни места во логистика

18 Aug 2023

До крајот на годинава „Алди“ ќе отвори 1.700 нови работни места во рамки на стратегијата за ширење на својата мрежа. Акцијата за вработувања ќе се спроведува во Велика Британија и ќе вклучи комбинација од работни места со полно и со скратено работно време, во регионалните складишта на трговецот, со плати до 53.000 фунти годишно. 

Како што продолжуваме да растеме и да привлекуваме нови купувачи, потребни ни се уште сјајни колеги во нашите центри за дистрибуција за да постигнеме се што сакаме. Освен здравствени погодности и погодности за животен стил, да се биде дел од тимот на „Алди“ значи и сјајна работна средина. Бидејќи ова е возбудлив период во развојот на нашата компанија, постојат и реални можности за напредок, соопштија од одделот за вработувања при „Алди“ - Велика Британија. 

Овој потег доаѓа во момент кога „Алди“ брзо се шири во Обединетото кралство и отвара барем по една нова продавница секоја недела. Дисконтерот сака да го зголеми своето портфолио продавници во Велика Британија на 1.200 објекти до 2025 година. Сега има околу 1.000 локации, што значи дека ќе мора да отвора по 60 нови локации во просек, на годишно ниво. 

Извор: InStore.hr
Фото: Aldi



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...