Свет

Велика Британија: ТикТок отвори складиште

18 Aug 2023

Социјалната мрежа ТикТок за првпат од своето лансирање ќе им нуди логистички услуги на трговците. По регистрацијата за користење на оваа услуга, трговците од ТикТок ќе предадат дел од своите производи што потоа ќе се чуваат во складиштето на платформата. 

Како што објаснуваат од компанијата, целиот логистички процес на праќање на пакетите ќе го преземе ТикТок, вклучувајќи и пакување на произвовите, нивно обележување и испраќање. 

Неколкумина трговци кои користат ТикТок за својата продажба во Велика Британија веќе ја тестираа услугата и пријавија фантастични резултати, соопштија од компанијата. 

Платформата пред две години покрена онлајн продажба во Велика Британија во соработка со компанијата „Чанел енгине“, по што летово ја отвори и првата поп-ап продавница во Лондон. 

Извор: E-commerce News
Фото: TikTok



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...