Свет

„Кока кола“ очекува повисок органски раст

28 Jul 2023

„Кока кола“ пријави зголемување на нето - проходот од 6 отсто во вториот квартал од годинава, на 12 милиони долари и ги надмина проценките на аналитичарите. 

Гигантот за пијалаци забележа органски раст на приходите од 11 отсто, како и раст на оперативните приходи од 3 отсто. Резултатите од вториот квартал покажаа континуирна подготвеност на потрошувачите да платат повисоки цени за газирани соковите овошните сокови и енергетските пијалоци од овој бренд, објави „Блумберг“. 

 

Компанијата со седиште во Атланта сега очекува органски раст на приходите за цела година меѓу 8 и 9 отсто. Претходната прогноза беше за раст меѓу 7 и 8 отсто. Охрабрен сум што нашата стратегија, во соработка со партнерите, даде силни резултати во вториот квартал. Ние работиме ефикасно и ефективно на локално ниво, додека ја одржуваме флексибилноста на глобално ниво, соопшија од „Кока кола“. 

Сегментот на газирани безалкохолни пијалаци беше стабилен во другиот квартал. Позитивните резултати во Азија, Пацификот и Латинска Америка придонесоа за таа стабилност. Но, растот во овие региони беше неутрализиран со пад во Европа, Блискиот Исток и Африка, првенствено поради стопирањето на работата во Русија.  

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...