Свет

Холандија: „Џамбо“ оствари пораст на продажбата од 8,8%

25 Jul 2023

Холандскиот трговец „Џамбо“ објави 8,8% пораст на продажбата во првата половина од 2023 година, што како што се наведува во соопштението, е помалку од пазарниот просек од 9,4%.

Компанијата оствари продажба во вредност од 5,96 милијарди евра во првите шест месеци од финансиската година, при што порастот најмногу беше поттикнат од зголемувањето на цените.

Ова не беше нашиот најдобар период. Се соочивме со околности кои бараа големо внимание на домашниот пазар. Мораше да се бориме и со огромните зголемувања на цените, кириите и енергијата, како и со наглото зголемување на платите и падот на довербата на потрошувачите, рече Тон ван Вен, извршен директор на „Џамбо“.

Тој додаде дека трговската компанија има цел во наредните месеци да се фокусира повеќе на цените, асортиманот, услугата и одржливоста.

Трговецот планира да ги намали маржите на основните прехранбени производи, особено на приватните трговски марки, во обид да ги ублажи негативните ефекти на инфлацијата врз потрошувачите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...