„Kooп“ го намали отпадот од храна за 9,4% на годишна основа во 2022 година преку намалување на цените, донации и нов систем за нарачки.
Трговецот веќе неколку години спроведува низа мерки за намалување на отпадот од храна, а намалувањето на цената на производите со краток рок на траење се покажа како многу ефикасно и популарно. Другите мерки не се толку видливи, но подеднакво важни, како што се автоматско надополнување, подобри рутини, подобро прогнозирање и подобро пакување за да се овозможи подолг рок на траење, рече Филип Енгедал, извршен директор на „Кооп“ - Норвешка.
Во 2022 година, компанијата тестираше нов систем за намалување на цените во своите продавници „Кооп мега“, што резултираше со продажба на повеќе од 100 тони овошје и зеленчук кои инаку би биле фрлени поради нивниот „лош“ изглед.
Исто така, во соработка со организацијата Too Good To Go на потрошувачите им понудија „изненадувачки кеси“ кои содржеа производи на кои им се ближи рокот на траење, од кои продадени се 450.000.
Трговецот има за цел да го намали отпадот од храна за 30% до 2025 година и за 50% до 2030 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.