Свет

„Карфур“ ги намалува цените на повеќе од 500 производи

22 Jun 2023

Францускиот трговец „Карфур“ ќе ги намали цените на повеќе од 500 производи за околу 10 отсто за да им помогне на потрошувачите да се изборат со вискоите трошоци за живот. 

Меѓу производите чии цени ќе бидат пониски се 400 прехранбени и производи за лична хигиена, како и околу 100 производи од приватните трговски марки на синџирот. 

Рундата пониски цени доаѓа во момент кога најголемите прехранбени компании во Франција се обврзаа од 1 јули да ги намалат цените на стотици производи, по наредба на тамошното Министерство за финансии, од каде соопштија дека компаниите ќе се соочат со финансиски санкции ако не го исполнат ветувањето. 

Во април годинава од „Карфур“ соопштија дека дека се уверени во поголем раст на профитот оваа година, и покрај високата инфлација, откако растот на продажбата забрза во првиот квартал од годинава. Притоа, продажбата достигна 22,071 милијарда евра, означувајќи во исто време пораст од 12,3 отсто и забрзување на растот на продажба од 10,9 отсто во четвртиот квартал од 2022 година. 

Извор: esmmagazine
 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...