Свет

„Дијаџо“ стравува дека ќе снема вода за производство на алкохол

13 Jun 2023

Најголемиот светски производител на алкохол „Дијаџо“ е загрижен дека климатските промени ќе доведат до недостиг на состојката која е од витално значење за производството на алкохолните пијалаци – водата.

Безбедноста на водата е најзначајниот ризик за климатските промени за производителот на џинот Tanqueray, пивото Guinness и пијалокот Baileys Irish Cream. Можете да бидете најефикасната пиварница или дестилерија во светот, но, тоа сепак нема да ви го намали ризикот доколку има суша, рече Мајкл Александар, глобален раководител за вода, животна средина и земјоделска одржливост во „Дијаџо“, кој имаше 43 локации во области под заканата за водата во светот

Затоа, „Дијаџо“ почна да спроведува проекти за ефикасност на водата во Турција, со цел да ја намали употребата на вода до 2030 година. Водата сочинува над 60% од алкохолните пијалоци и 90% од пивото. Останатите состојки, грозје и жито, исто така зависат од наводнувањето за земјоделство, што го прави снабдувањето со вода апсолутно критично за синџирот на снабдување на „Дијаџо“. Компанијата  е посветена на враќање на повеќе вода отколку што користи во сите „дефицитни области“ каде што работи до 2026 година. Тоа се региони каде побарувачката на вода понекогаш ја надминува понудата или слабиот квалитет ја ограничува нејзината употреба. Меѓу овие земји е и Турција, каде што компанијата го произведува пијалокот од анасон, и Мексико, каде што произведува текила.

Компанијата користела околу 17,52 милијарди литри вода за своите операции во 2022 година. Во текот на изминатите три до пет години, „Дојаџо“ започна да работи со корисници на вода надвор од неговиот синџир на снабдување, како што се земјоделците, комуналните претпријатија, другите големи индустрии и владите, промовирајќи закони насочени кон спречување на недостигот на вода.

Во Турција, „Дијаџо“ ја поддржува изградбата на инфраструктура за решавање на безбедноста на водата. Тамошниот дестилатор веќе обновува повеќе вода отколку што користи во некои области и промовира наводнување капка по капка, што ја штити почвата и го зголемува приносот. Наводнувањето капка по капка, пак, ја насочува водата кон коренот на растението, со што се намалува испарувањето. Со оваа иницијатива во Западна Турција досега  се заштедени околу 93 илјади метри кубни вода од минатата година. Целта е да заштеди 177 илјади кубни метри пред крајот на 2026 година.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...