Свет

Од 1 јули поевтинува храната во Франција

16 Jun 2023

Цените на храната во Франција ќе се намалуваат почнувајќи од 1 јули, најави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер. Производителите што нема да ги намалат цените, ќе бидат казнети. 

Треба да поевтинат стотина производи, меѓу кои тестенини, месо, масло за јадење...

Големопродажните цени на одредени производи веќе се пониски, така што мора да бидат пониски и нивните малопродажни цени - за 2,3, можеби и за 10 отсто, изјави Ле Мер. 

Тој најави засилени контроли и драстични казни за оние кои ќе манипулираат со цените. 

Претходно, на истата тема се одржа средба со 75 отсто од француските производители на храна кои произведуваат 80 отсто од храната за тамошниот пазар. 

Годишната стапка на инфлација во Франција во мај падна на 6 отсто, но цените на храната во истиот период пораснаа за 14 отсто. 

Извор: Telegraf Biznis
 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...