Компанијата „Аб Инбев“, во соработка со списанието „Ролинг стоун“ и креативната агенција „Виеден+Кенеди“, лансира музичко списание во своето пакување од 12 лименки пиво за брендот Budweiser.
Специјалното пакување е дел од иницијативата на Budweiser за поддршка на помалите ѕвезди во подем на латиноамериканската музичка сцена.
Во продолжение на соработката во рамките на која Budweiser сака да промовира андерграунд уметници, сакавме да донесеме нови идеи. Отсекогаш сме ги сакале музичките списанија и фактот дека не толку одамна тие беа главниот медиум за откривање нови уметници. Со толку многу пакувања пиво испечатени насекаде, Budweiser има еден од најголемите „тиражи“ во светот. Така се роди BudMag, изјавија Александре Џампаоли и Умберто Куна, креативни директори во „Виеден+Кенеди“.
Во дебитантското издание на списанието наречено „BudMag“, отпечатено како дел од 100.000 пакувања од 12 лименки, беа претставени неколку колумбиски уметници.
.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.