Свет

Шпанија: „Карфур“ ќе инсталира соларни панели на 130 локации

06 Jun 2023

„Карфур“ во соработка со компанијата „Солар профит“ ќе инсталира 330.000 квадратни метри соларни панели во 130 свои продавници во Шпанија. 

Панели ќе бидат поставени во Андалузија, Каталонија, Валенсија и Мадрид, а поставувањето би требало да биде готово до јуни 2024 година. 

Сега, триесетина хипермаркети и супермаркети на трговецот имаат инсталирано соларни панели. Целта на трговецот е да инсталира во просек по 1.700 панели на покривот на секоја продавница. Така, кога проектот ќе заврши, „Kарфур“ ќе има вкупно 200.000 соларни панели, со кои ќе произведува 112.000 мегават - часови енергија годишно, што е еквивалентно на енергија потребна за 50.000 домаќинства за една година. Овој потег е дел од посветеноста на „Карфур“ кон еколошка одржливост, поддржана и од други напори како што беше преминувањето кон возила на електричен погон.  

Трговецот и претходно ја објави својата цел - а тоа е 100 отсто од електричната енергија што ќе ја користи до 2030 година да биде од обновливи извори. 

Извор: esmmagazine
Фото: Solar Profit



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...