Свет

„7 елевен“ ја освојува Западна Европа

30 May 2023

Трговскиот синџир „7 елевен“ се подготвува да се прошири во нови делови на Европа и е во потрага по франшизи во повеќе од 10 земји.

Синџирот, кој оперира со повеќе од 83.000 к-продавници (C-store, convenience stores) во 19 земји во светот, е познат по деноноќното работно време. Се смета за пионер на форматот к-продавници, кој го воспостави уште пред 96 години. Компанијата е основана во Далас, САД, а сега е во сопственост на јапонската фирма „Севн & ај“.

„7 елевен“ првично ги таргетира Германија, Франција, Ирска, Италија, Полска, Шпанија, Турција и Велика Британија. Според извештаите, во план се и Австрија и Швајцарија, а земјите од Бенелукс не се вклучени во стратегијата. Во Европа, трговецот веќе има продавници во Данска, Норвешка и во Шведска.

Извршниот директор на „7 елевен“ изјави дека трговецот има намера неговите продавници да станат места што ќе бидат „one-stop-shop“, каде што луѓето ќе можат брзо и едноставно да се снабдат со квалитетна храна и пијалаци, и покрај нивните зафатени животи. Потребата за тоа е голема на европскиот пазар и затоа тој е приоритет за експанзија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...