Свет

Бразил подготвува национална апликација за трговци

22 May 2023

Бразилското здружение на супермаркети (АБРАС) ги објави плановите за покренување национална апликација за купување од трговските синџири во втората половина на 2023 година. Според здружението, околу 94.000 продавници на 27 синџири супермаркети во Бразил ќе можат да продаваат преку платформата, која исто така ќе нуди и услуги за достава. 

Целта на иницијативата е на малите играчи од секторот да им се овозможи пристап до дигитални алатки, како би им се помогнало да се натпреваруваат во дигатлниот пејсаж. Веќе се работи на распоредот на имплементација и лансирање на платформата. 

Називот на апликацијата уште не е објавен. 

Извор: esmmagazine
Фото: Pixabay



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...