Гигантот „Фереро“ претстави нов асортиман сладолед, по рецептура што е комбинација од двата бренда Ferrero Rocher и Raffaello.
Новиот смрзнат десерт од средина на мај ќе биде достапен во сите „Уолњортс“ супермаркети ширум Австралија.
Претходно, кон средината на февруари овој сладолед беше лансиран во Велика Британија и Италија, како и во други земји од Европа и е достапен во три вкусови: темен, класик и рафаело.
Ferrero Rocher и Raffaello се брендови кои многу луѓе ги сакаат и им веруваат. Како клучни играчи во категоријата кондиторски производи, уверено сме дека најновиот додаток во нашето портфолио ќе го поттикне купувањето во повеќе категории меѓу кондиторски производи и сладолед. Тоа ќе ги привлече постоечките купувачи на „Фереро“ во категоријата сладолед и ќе регрутира нови, соопштија од „Фереро“ - Велика Британија и Ирска.
Извор: Retail World Magazine
Фото: Ferrero
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.