Американскиот гигант „7 елевен“ се пробива на пазарот во Германија и станува голема конкуренција на тамошните трговци „Алди“ и „Лидл“.
Компанијата соопшти дека земји како Германија, Франција, Ирска, Италија, Полска, Шпанија, Турција и Велика Британија се дел од процесот на истражување за пронаоѓање нови кандидати за мастер-франшиза.
„7 елевен“ моментално има повеќе од 83.000 продавници во 19 земји во Азија и во Северна Америка. Колку локации се планирани во Западна Европа, сè уште не е објавено.
Други потенцијални земји за експанзија се Австрија и Швајцарија. Последниот влез на нов пазар за „7 елевен“ беше во јануари годинава, кога беше отворена првата продавница во Израел.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.