Свет

„Кооп“ го намалува бројот на формати во Данска

10 Apr 2023

„Кооп“ – Данска, водечкиот трговец на мало во земјата, ќе ги спои седумте формати со кои моментално оперира во три до крајот на годинава.

Големата вест за земјата е дека култниот синџир супермаркети „Ирма“, основан во 1886 година, ќе исчезне од малопродажната сцена. Минатата година „Кооп“ постепено го згасна дисконтниот формат „Факта“ – дел од продавниците ги ребрендира под називот „365 дисконт“, а дел ги затвори.

Со лансирањето на новата стратегија наречена „The Coop of the Future“ (задруга на иднината), трговецот ги консолидира форматите за да стане поефикасен, поедноставен и поевтин за купувачите. „Ирма“, „Квикли“, „Супер Бругсен“ и „Дагле Бругсен“ ќе се спојат во „Кооп“, „365 дисконт“ или „Бругсен“. Услугата за испорака Coop.dk MAD престана со работа пред два месеца.

Од компанијата велат дека ќе се фокусираат на физичките продавници, Coop.dk и на апликацијата за омниканално искуство.

Веста доаѓа откако „Алди“ се повлече од Данска и му продаде 114 од своите продавници на дисконтниот синџир „Рема 1000“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...