Свет

Американски гигант влегува во германската малопродажба

07 Apr 2023

Американскиот гигант „7 - Елевен“ се пробива на пазарот во Германија и станува голема конкуренција на тамошните трговци „Алди“ и „Лидл“.  

Како што пренесува „Лебенсмиттел цајтунг“, „7 - Елевен“ има големи планови за проширување во Западна Европа. Освен во земји како Франција, Италија или Шпанија, сакаат да започнат да работат и во Германија, Австрија и Швајцарија.

Гледаме „голем потенцијал“ за германскиот пазар. За 2023 година се очекува промет во Германија од 10,53 милијарди евра, а за 2027 година се предвидени дури 11,90 милијарди евра, соопштија од компанијата. 

 „7 - Елевен“ моментално има повеќе од 83.000 филијали ширум светот. Колку локации се планирани во Западна Европа се уште не е објавено.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...